More

    Мијалков го потопи македонското судство како Титаник,јавната седница за „Титаник 2“ во скопска апелација се одложи за 13 април

    spot_img

    Јавната седница за „Титаник 2“ во скопска апелација се одложи за 13 април, а дотогаш гонењето на Мијалков застарува. На седницата на која требаше да се разгледуваат жалбите, присутни беа само Мијалков кој е спроведен од затворот во Струга и Бедредин Ибраими кој рече дека не добил покана, но дошол по допрен глас и адвокатите.

    Останатите обвинети не биле уредно поканети. Судијата Ѓоко Ристов, кој е претседател на советот, го презакажа судењето за 13-ти април. Според информациите од обвинителството, делото за Мијалков застарува на 7-ми април, а од одбраната коментираат дека веќе е застарено на крајот од март. Адвокатите денеска не дадоа изјава.

    Во повторениот процес Мијалков беше осуден на 2 години затвор. Претходно првиот процес со слична казна беше поништен од скопска Апелација и вратен на повторно судење во скопскиот Кривичен суд. Првиот процес во двата суда се одолговлекуваше 5 години, најмногу поради неколкуте заболувања на Мијалков од корона.

    Други обвинети во случајот се пратеникот и претседател на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска и тие немаат можност да се спасат со застарување.

    Сите освен Мијалков (Примање награда за противзаконито влијание) се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Сите 5-мина обвинети добија двегодишни затворски казни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img