More

    Меси, кому ова ќе му биде последен Мундијал во кариерата, ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември

    spot_img

    Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар.

    Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди.

    Четворицата аргентински навивачи – Леонардо Бланко, Матијас Виљароел, Силвио Гати и Лукас Ледезма, на патот до Катар долг 10.500 километри тргнаа со велосипеди на 15 мај.

    – Нè мотивираше нашиот сон… на 18 декември да ја видиме Аргентина и Лео Меси како го подигнуваат трофејот – порача Бланко.

    Меси, кому ова ќе му биде последен Мундијал во кариерата, ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември, а Гаучосите се во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img