More

    Мерко со фотографии со Агелер и спомнување на претседателот на САД Вилсон вети соработка со правосудните органи

    spot_img

    По 6 дена молк, струшкиот градоначалник Рамис Мерко преку  социјалната мрежа Фејсбук, се обрати откако САД го ставија на црната листа за корупција, злоупотреба на јавни фондови и влијание врз судството.

    Мерко истакнува дека ќе биде транспарентен и ќе соработува со правосудството иако токму поради влијание врз судство е ставен на црната листа.

     

    -„По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции“, вели Мерко преку социјалната мрежа ФБ.

    САД му забрани влез и на него и на целото негово семејство (сопругата и трите полнолетни синови). Мерко на постот објави фотографии со американската амбасадорка Анџела Агелер како и фотографии од отворање на американски културен центар на кој присуствувале заедно. Откако го ставија САД на црната листа поради корупција, тој тврди дека и натаму ќе ја поддржува американската поддршка на Македонија и Струга.

    -„Од Претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга“, вели Мерко на ФБ.

    Градоначалникот рече и дека ќе ги замрзне активностите во партиските структури на ДУИ до затворање на процесите.Инаку САД на црната листа ги остава функционерите со години, а некои се непожелни и по две децени. Затоа не е јасно дали Мерко го замрзнува членството во ДУИ во периодот додека тој и целото негово семејство се на црната листа и непожелни за САД или пак ќе продолжи во зависност од резултатот на свесно закочените 6 истраги кои се активни против него.

    Тој преку ФБ се заблагодари и на оние што го гласале и 4 пати му овозможиле да биде градоначалник на Струга и смета дека заедно го подобриле и работеле за подобар живот на стружани и развој на Струга.

    Некои дела на Мерко за кои има истраги се направени и во периодот пред 2013-та, но поради големи кочници во надлежните истражни органи никако да се приведат до крај. Црната листа ги забрза активностите, а одговорност во кочење на истрагите и постапките против Мерко се забележани во судскиот совет, судот, обвинителството, Бирото за судски вештачења.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img