More

    Мел Б ќе скокне во брак по трет пат

    spot_img

    Членката на некогаш успешната женска група Spice Girls, Мелани Браун, позната како Мел Би, е на пат кон својот трет брак.

    47-годишната пејачка во петокот ѝ откри на водителката Руби Вокс во британското ТВ шоу Celebrity Gogglebox дека е свршена со фризерот Рори Мекфи по три години врска.

    „Тој рече: „Те сакам, ти си мојот најдобар пријател и сакам да го поминам остатокот од мојот живот со тебе“, го сумираше Мел Би за романтичниот момент.

    Таа, исто така, рече дека Мекфи, кој стилизира коса во тековната сезона на Маскираната пејачка, ја запросил за време на романтичното бегство во Беркшир. „Насекаде имаше ливчиња од роза, оган, хотел… Беше многу романтично. Сакам цвеќиња“.

    Мел Би беше во брак со Џими Гулзар од 1998 до 200 година, а заедно ја имаат 23-годишната ќерка Феникс Чи.

    Помеѓу 2007 и 2018 година, таа беше во брак со Стивен Белафонте, заедно ја имаат десетгодишната ќерка Медисон.

    Разводот од Белафонте не беше спогодбен, напротив. Поп-ѕвездата го обвини својот поранешен сопруг за злоупотреба и поднесе барање за забрана за приближување. Белафонте ја нарече пејачката „опасен лажго“.

    По завршувањето на постапката за развод, Браун мораше да плати 350.000 долари за правни трошоци на Белафонте. На парот, исто така, им беше наредено да издвои 1 милион американски долари за враќање на даноците што се должат за продажба на нивниот поранешен дом.

    Браун беше во врска и со холивудската ѕвезда Еди Марфи, заедно ја имаат 15-годишната ќерка Анџел Ајрис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img