More

    Меѓународно признатата влада на Либија, која делува од главниот град Триполи, испрати авиони со хуманитарна помош во источниот дел на земјата со кој управува ривалскиот парламент

    spot_img

    Меѓународно признатата влада на Либија, која делува од главниот град Триполи, испрати авиони со хуманитарна помош во источниот дел на земјата со кој управува ривалскиот парламент, јавува Би-би-си.

    Премиерот на либиската влада на национално единство со седиште во Триполи, Абдул Хамид Дбеибах, изјави дека авион со медицински персонал и 14 тони залихи бил испратен во источниот град Бенгази.

    Паралелниот либиски парламент – Претставничкиот дом со седиште во источниот дел, формиран од премиерот Осама Хамад, првично нудеше насоки само за луѓето во нејзина јурисдикција.

    Денешниот пакет помош беше единствен знак на солидарност и немаше други индикации за можна соработка.

    Повеќе од 5.200 луѓе загинаа, а најмалку 10.000 се водат како исчезнати во катастрофалната поплава што го зафати источниот дел на Либија.

    Најголема штета претрпе источниот крајбрежен град Дерна, каде попуштија браните, а поплавата, според надлежните, збриша најмалку една четвртина од градот.

    Либија е политички поделена меѓу истокот и западот, а јавните служби се распаднаа по бунтот поддржан од НАТО во 2011 година, кој поттикна долгогодишен конфликт. Меѓународно признатата влада во Триполи не ги контролира источните области.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img