More

    Меган Маркл и принцот Хари ја следат церемонијата „Триумфот на бојата“ во Лондон

    spot_img

    Како што е најавено, Меган Маркл и принцот Хари ја следат церемонијата „Триумфот на бојата“ во Лондон, која е почеток на централната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

    Британските портали извесно време се прашуваа каде е Меган Маркл, а потоа фотографите успеаја да ја фотографираат во „Канцеларијата на генерал-мајор“, поточно во просторијата што некогаш ја користел војводата од Велингтон, а која се простира над влезот на Коњаничка гарда. Традиционално, церемонијата ја следат членови на семејството кои не се вклучени во самиот процес на парадата.

     

    Принцот Хари исто така бил таму во свечен костум, а забележано е дека тој разговарал со војводата од Кент, со кого кралицата подоцна се појави на балконот на Бакингемската палата – пред да ѝ се придружат другите членови на палатата, пишува „Дејли мејл“.

    Меган на важниот настан се појавила во комбинација на облека од потемни бои и со фантастичен шешир. Меган обожавала да го носи овој моден детаљ додека ги извршувала службените обврски во Велика Британија.

     

    Неколку часа пред објавувањето на нејзината фотографија на парадата, се појави Кејт Мидлтон, која исто така носеше извонредна шапка и се појави во спектакуларен аутфит.

    Меган вчера имала и посебна задача, па на симпатичен начин ги држела под контрола палавите најмлади членови на палатата Савана, Ајла Филипс, Лена и Миа Тинадејл, правнуката на кралицата Елизабета Втора.

     

    Пред почетокот на церемонијата многу се зборуваше за средбата на Меган Маркл и принцот Хари, кои завчера пристигнаа во Британија со децата Лилибет и Арчи, со другите членови на семејството, со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила и секако со кралицата.

    Таа средба досега не е снимена, но затоа „Дејли мејл“ забележува дека Кејт Мидлтон прва се појавила во близина на балконот на Бакингемската палата.

    Вчерашното појавување е прво појавување на официјалниот настан на Меган Маркл и принцот Хари по нивната одлука да отстапат од службените должности. Таа одлука е донесена пред две години, а Хари неколку месеци пред прославата на јубилејот истакна дека размислува дали да дојде во Лондон со семејството од страв за нивната безбедност.

     

    Меган Маркл и принцот Хари ќе ги видиме и денеска на Службата на благодарноста во катедралата Свети Петар во Лондон.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img