More

    Матурантите ќе положат „заклетва“ и ќе танцуваат за ненасилство

    spot_img

    Утре (19.05.2023 година), со почеток во 12 часот ќе се одржи овогодинешната „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

    На манифестацијата ќе учествуваат 6 земји: Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со 50 градови. Од земјава ќе учествуваат матуранти од Скопје, Гевгелија, Охрид и од Струга.

    Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје е 400, а во останатите градови околу 1.500.

    Во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: „Васил Антевски – Дрен“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Здравко Цветковски“, „Димитар Влахов“, „Арсени Јовков“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Шаип Јусуф“, „Георги Димитров“, „Панче Караѓозов“, „Јосип Броз Тито“ и МБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

    Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје, поддржувач е Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, а водител на програмата е Марјана Станојковска.

    Во изминатите 14 години учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.

    Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето „заклетва“ за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува „Матурската парада“. На тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, туку генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција, информираат од Дирекцијата за култура и уметност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img