More

    Маск, најави дека социјалната мрежа од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплатат за читање на нивните текстови

    spot_img

    Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави дека социјалната мрежа од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплатат за читање на нивните текстови.

    „Ова им овозможува на корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата да плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да ја прочитаат“, напиша Маск на Твитер.

    Тој изјави дека новата опција треба да биде од голема корист и за медиумските организации и за јавноста.

    Откако ја презеде компанијата во октомври минатата година, Маск воведе низа промени во обид да ги зголеми приходите на Твитер, откако платформата забележа пад на приходите од рекламирање.

    Маск го намали бројот на вработени во Твитер од 7.500 на околу 1.500 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img