More

    Мароканците предизвикале нови инциденти во Белгија, има приведени

    spot_img

    Во главниот белгиски град Брисел повторно се случија немири во режија на марокански навивачи кои предизвикуваа инциденти и проблеми прославувајќи го пласманот на Мароко во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство во Катар. 

    Мароко во последното коло во групата Ф ја победи Канада со 2-1 и за првпат по пауза од 36 години се пласираше во осминафиналето во кое за противник ќе ја има Шпанија. 

    Првите поголеми инциденти во Брисел беа предизвикани од марокански навивачи по победата над Белгија, кога хулиганите ја уништуваа градската инфраструктура и се судрија со локалната полиција. 

    Овој пат, по победата над Канада, немаше директен судир со полицијата, но стотици Мароканци го нарушуваа јавниот ред и сообраќајот на бриселските улици. 

    Портпаролката на полицијата во Брисел објави дека се уапсени 18 лица поради нарушување на јавниот ред и мир. 

    Инцидентите, како што јавија локалните медиуми, се прошириле и надвор од Брисел, и најмалку 35 марокански навивачи се лишени од слобода во Антверпен. Во инцидентите во овој белгиски град се повредени тројца полицајци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img