More

    Марко исплива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид

    spot_img

    Младиот пливачки херој Марко Пејчиновски утринава успеа да преплува неверојатни 64 километри во Охридското езеро, а охриѓани го пречекаа на пристаништето, пишува ОхридПрес. По повод празникот Голема Богородица тој вчера во 11 часот и 56 минути тргна на пат од Охрид кон Струга, па до Свети Наум. Со ова, Марко ги исполни ветувањето дека десет пати ќе го преплива езерото. Летово тој вкупно испливал околу 250 километри.

    Според Марко, нема неостварливи цели и непремостливи препреки.

    Видео(Ohidpres)

    Претходното, деветто од десетте препливувања ова лето, беше на релација Градиште-Трпејца-Охрид, со должина од 20 километри. Пред тоа, Марко успешно ја преплива релација Заум-Охрид, на патека со должина од 18 километри. Една недела пред тоа, тој го оствари седмиот подвиг кога ја преплива релацијата Радожда-Трпејца-Градиште, само седум дена откако успешно ја преплива релацијата Струга-Градиште.

    Неодамна тој исплива 21 километри од Струга до Пештани, а претходно пливаше од Струга до Св. Наум. На 26-ти јуни 2022 година, тој успешно ја исплива релацијата од Радожда до Трпејца, со должина од 20 километри.

    Пред четири години Марко го преплива езерото, кога со само 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

    Во септември минатата година тој пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1-ви август 2021, тој направи уште еден подвиг, откако по 3 пат ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид и подвигот го посвети на неговата мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img