More

    Маричиќ ѝ понуди на опозицијата да ги формулира уставните амандмани

    spot_img

    Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју на Телма ѝ понуди на опозицијата да ги формулира уставните амандмани, како што таа мислат дека треба во согласност со преговарачката рамка, за да стекне доверба во процесот.

    Сите политички партии се соочени со одговорноста за продолжување на патот кон ЕУ, рече тој.

    – Ние сме свесни дека ова е неправедно и дека не е идеален францускиот предлог. Така свесни и го предложивме во Собранието. Свесни сме и дека направивме премногу отстапки досега. Но, исто така сме свесни дека по првпат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години. Да ги завршиме преговорите и да станеме членка. Тоа е реална можност. Не е веќе само теоретска шанса, туку имаме реална можност и треба да ја искористиме – изјави тој.

    Ние можеме да одлучиме дека ќе ги направиме уставните измени и за две години и за три години и за пет години, впрочем тоа беше и тема на дебата, на дискусија во текот на преговорите околу францускиот предлог, рече Маричиќ и додаде:

    – Нам ни одговараше сигурно да имаме повеќе време, или тоа да го направиме кон крајот на преговорите. Но, тоа не можеше како план да помине ниту во Бугарија, ниту генерално да биде прифатено. Затоа сме во оваа ситуација сега.

    Тоа, како што рече тој, значи дека ние немаме време за губење, тоа значи дека веќе не е ситуацијата како претходно, кога можевме да префрлиме од една во друга година.

    – Оваа ситуација не е таа. Таа обврска нема да ни замине. Ние можеме да решиме и да не го правиме тоа, да чекаме избори. Имаме два паралелни процеси, едниот е процесот на скрининг, другиот на уставни измени. Ние мора да ги завршиме двата процеси, ако сакаме на крајот од оваа година да поентираме и да преминеме на наредна фаза – нагласи Маричиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img