More

    Макрон вели, „да ѝ дадеме пат на Украина“

    spot_img

    Украинскиот претседател Владимир Зеленски го зголми притисокот врз Алијансата за да добие целосно членство на Украина во НАТО на следниот самит во Литванија, објави во средата Фајненшл тајмс, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

    – Украина е подготвена да биде во НАТО. Подготвени сме кога НАТО ќе биде подготвен… Ни треба целото единство преку алијансата и работиме на тоа. Во Вилнус, потребна е јасна покана за Украина – рече Зеленски на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, каде присуствуваа близу 50 други европски лидери.

    – Сомнежите мора да исчезнат. Позитивните одлуки за Украина ќе бидат позитивни за сите – додаде тој.

    Францускиот претседател Емануел Макрон во средата повика Украина да добие „пат“ за членство во НАТО следниот месец. Иако тој не се обврза да го одобри полноправното членство на Украина, ова беше видео како голема промена во ставот на Париз.

    Ден претходно, на самитот ГлобСек во Братислава, Макрон рече дека тоа треба да биде „нешто помеѓу безбедносните гаранции во стилот на Израел и полноправното членство“.

    Истовремено, шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека приемот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред на Самитот во јули во Вилнус.

    „Мораме да бидеме крајно јасни за тоа прашање: прием во НАТО на држава што е во војна, не може да биде вклучен во агендата“, напиша Сијарто на Фејсбук.

    Генералниот секретар на НАТО во Осло денеска рече дека безбедноста на Украина мора да биде гарантирана по завршувањето на војната, „но сојузниците во НАТО сè уште работат на деталите како да го направат тоа“.

    –     –  Треба да бидеме сигурни дека кога војната ќе заврши, имаме подготвена рамка за да се осигураме дека нема да има пауза во руските акции против Украина – рече Столтенберг по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

     – Мораме да го запреме магичниот круг на агресија против Украина. Деталите за тоа како може да се направи тоа допрва треба да се прецизираат – додаде тој.

    Украина официјално поднесе барање да се приклучи на блокот предводен од САД во септември 2022 година.

    Членот 5 од Северноатлантскиот договор предвидува дека вооружениот напад врз една членка на НАТО „ќе се смета за напад врз сите членки“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img