More

    Макрон ќе понуди заштита за руската новинарка

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и ќе понуди заштита за руската новинарка Марина Овсјаникова која се соочува со долгогодишна затворска казна, откако вчера среде програма на руската државна телевизија се појави во живо со антивоени пораки.

    – Ќе почнеме дипломатски напори со цел да и понудиме заштита – или во амбасадата, но и заштита преку азил. Ќе имам шанса на некој од моите следни разговори со претседателот Путин да го предложам ова решение на многу директен и конкретен начин – истакна Макрон.

    Францускиот претседател изрази желба „колку е можно побрзо да знам за нејзината лична ситуација и нејзината способност да продолжи со својата работа“.

    Овсјаникова среде програма во живо на руската државна телевизија се појави со транспарент со антивоени пораки и побара од руските граѓани да не и веруваат на режимската пропаганда на Кремљ. На транспарентот на Овсјаникова пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“, таа исто така и извика „Не за војната, сопрете ја војната“, а потоа програмата беше прекината.

    Според Европската Комисија новинарката е уапсена, а нејзините адвокати не можат да стапат во контакт со неа.

    – Овсјаникова зазеде храбра морална позиција и се спротивстави на лагите и пропагандата во живо на медиум контролиран од државата и чиј директор е главен пропагандист. Марина е уапсена, таа исчезна, а нејзините адвокати немаат дозвола да стапат во контакт со неа – изјави попладнево портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

    Претходно, руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова. Според неодамна усвоениот закон на Русија, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img