More

    Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти

    spot_img

    Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Северна Македонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан.

    Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат и да транзитираат низ територијата на Бугарија.

    Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти, кои биле откриени во неделата во селото Драганци во Општина Карнобат, во реонот на Бургас.  Романскиот државјанин, пак, е обвинет илегален превоз на 27 Авганистанци, пронајдени во понеделникот на потегот меѓу селата Житосвјат и Малина во истата Општина.

    Авганистанските државјани биле превезувани со две моторни возила со иста марка и модел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img