More

    Љубовта на Меси е Аргентина, а не Барселона!

    spot_img

    Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ќе даде се од себе за да го освои Светското првенство во Катар со аргентинската репрезентација, изјави менаџерот Фабијан Солдини, пренесуваат аргентинските медиуми.

    Аргентинскиот сајт „Infobae.com“ ја објави приказната за Солдини, кој беше првиот менаџер на Меси. Солдини е еден од најзаслужните за доаѓањето на Меси во Барселона во 2000 година.

    „Кога бев во неговата куќа во 2015 година, а пред тоа се немавме видено речиси десет години, тој ми рече: „Фаби, една година се будев ноќе размислувајќи за финалето на Светското првенство против Германија. . Не можам да спијам“, изјави првиот менаџер на аргентинскиот фудбалер.

    Германија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство во 2014 година благодарение на голот на Марио Геце.

    „Аргентина е неговата љубов. Ниту Њуелс, ниту Барселона, ниту ПСЖ. Ја сака репрезентацијата и го погодуваат лошите работи што и се случуваат на Аргентина“, тврди Солдини.

    Меси минатата година го освои единствениот трофеј со Аргентина победувајќи го Бразил во финалето на Копа Америка.

    „Меси често е критикуван, но тој беше болен, повреден. За овие бои се бори како лав. И тогаш луѓето велат дека тој не играл како што играл за клубот. Го боли и навредува. Меси живее за Аргентина и ќе даде се од себе да им го донесе трофејот во Катар“, заклучи Солдини.

    Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Аргентина ќе биде во група со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img