More

    Левица поднесе претставка за инцидентите на Мечкин Камен

    spot_img

    Партијата Левица поднесе претставка против Африм Јусуфи – помошник началник во СВР Битола за инцидентите на Мечкин Камен. Левица претходно поднесе кривична пријава против началникот на СВР Битола, Бенито Јошевски, поради тоа што тој наводно насилно им одзел транспаренти на активистите на Левица.

    „Министерот за правда Никола Тупанчески сè уште молчи за организираната параполициска структура, која изврши сет на кривични дела за време на манифестацијата на Мечкин Камен.

    Поради ваквото тоталитарно владеење на полицискиот режим и молкот на министерот Тупанчески, правниот тим на Левица поднесе Претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР против Африм Јусуфи – Помошник началник во СВР Битола, поради организирано малтретирање на обични граѓани на прославата на Илинден. Дополнително, поднесена е кривична пријава против Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски – припадници на Затворска полиција од КПД Прилеп и КПУ Идризово. Имено, Ѓуриќ, Кузмановски и Јусуфи координирано им даваа наредби на полициските службеници, но и директно на граѓаните, коишто мирно го изразуваа својот протест да се турнат и повлечат назад. Со тоа, тие прекршија низа уставно загарантирани слободи и права на граѓаните – право на собир, изразување на мирен јавен протест, слобода на мислата и право на јавно изразување на мислата“ – се вели во соопштението на Левица.

    Дополнително, според Левица, незаконски присутните припадници на затворската полиција, ги довеле граѓаните во заблуда однесувајќи се како службени лица (иако не биле) и со тоа извршиле кривично дело „Лажно претставување“ казниво според член 391 став 2 од Кривичниот законик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img