More

    Леталото на НАСА го положи тестот, следно е да се пратат луѓе до крајот на 2024 година

    spot_img

    Вселенскиот брод на НАСА кој 26 дена беше на мисија на месечината денес успешно се врати на Земјата, јавува Би-Би-Си. Капсулата Орион по повторното влегување во Земјината атмосфера се распрсна во Тихиот Океан, а паѓањето беше дополнително забавено со помош на падобрани.

    Ова беше тест мисија и во вселенската капсула сега немаше луѓе, но планот на НАСА е следниот лет да биде со астронаути. Од НАСА информираат дека се планираат покомплексни мисии кои би требало да започнат кон крајот на 2024 година во обид да ги вратат луѓето повторно на месечината, прв пат по 50 години кога со мисијата Аполо 17 луѓето за прв пат стапнаа на површината од Месечината.

     

     

    – Сега го правиме тоа повторно, но со различна цел, бидејќи овој пат одиме назад на месечината за да научиме да живееме, работиме и да креираме таму. Планот ни е да се подготвиме подоцна да одиме на Марс, а потоа и уште подалеку во универзумот – изјавил администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

    Капсулата Орион како дел од мисијата „Артемис 1“ минатиот месец отпатува на рекордни 430.000 километри оддалеченост од Земјата со што ја помина најдалечната дистанца што некое вселенско летало дизајнирано да носи луѓе некогаш ја достигнало. Со оваа мисија научниците на НАСА планираат да постават вселенска станица каде тие ќе живеат и ќе работат.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img