More

    Лепа Брена ги воодушеви обожавателите со стајлингот

    spot_img

    Лепа Брена (63) на социјалните мрежи се пофали како изгледала на својот концерт во Бања Лука на кој се собрала многубројна публика, а големо внимание привлече нејзиниот стајлинг.

    Пејачката се одлучила за бела бунда и шубара. Сè надополнила со бели светкави панталони и маичка, а додала и бели ракавици со циркони.

     

    Многу нејзини обожаватели и порачаа дека е „жена за сите времиња“, а некои ги потсети и на некои други колешки.

    – За момент помислив дека е Сенида – напишал еден обожавател.

    „Собори рекорди со настапите, кој друг може да го направи тоа на нејзина возраст? Секоја чест“, „Дива“, „Најспецијална“, „Снежна кралица“ коментираа под нејзината нова објава.

    Инаку, Брена распродаде два концерта во Арена Загреб закажани за 6 и 7 декември годинава. Поради огромниот интерес, беше додаден и трет ден, 9 декември. Пејачката откри колку концерти планира во Арена и зошто ќе има пауза меѓу нив.

    – Ќе пееме во загрепска Арена додека ги полниме. Можеме да направиме два концерта по ред, а потоа пауза следниот ден, можам да се одморам. Ни помладите околу мене не можат да го издржат тоа темпо. Сериозен маратонец сум, колку години го правам ова – појасни таа претходно.

    Таа исто така смета дека на нејзина возраст не треба да брка никакви бројки или рекорди.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img