More

    Ленин се кае поради тоа што ја поддржал Арсовска

    spot_img

    Директорот на „Слобода превоз“ изрази жалење дека за време на кампањата застанал зад Данела Арсовска за градоначалник, а притоа ги убедуваше скопјани дека таа е „жена-титан“ и дека ќе ги реши сите проблеми во Градот, но откако седнала во функцијата тотално се променила.

    – Точно мене ми е жал што пред јавноста и ја дадов мојата максимална поддршка и што бев измамен од некој човек, којшто многу перфидно да излаже, да заведе и да ти даде лажна надеж. Не сум само јас излажаниот, тоа што ми го говореше на мене побарав да им го каже и на превозниците, а заедничката трибина таа им ветуваше подобри услови за работа, па поради тоа ја поддржаа. Јас лично сум признавам, дека сум изманипулиран и тоа ако можам да кажам на еден начин којшто само им поминува на психопатите, кои многу успешно знаат да ви се наметнат и излаат додека им требате. Кога јас застанав зад приватните превозници, следниот ден јас бев веќе непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови и без аргументи ме нападна мене – одговори Јовановски на новинарско прашање.

    Тој посочи дека веројатно се менува перцепцијата на човекот кога ќе ја почувствува моќта што ја дава функцијата, притоа додаде дека нема инструмент Арсовска да се отповика, а доколку има тоа лично би го сторил.

    Јовановски не сакаше да ги коментира изјавите на генсекот Глигоров дека за јавниот повик за нови превозници имало голем број заинтересирани и покрај тоа што тие што протестираат не покажале интерес.

    – Има бројни шпекулации кои не сакам да ги коментирам, но јасна ми е целта да приватните превозници да бидат тргнати. Која е крајната цел не можам да потврдам, прифаќам во ранг на шпекулации дека можеби некој друг превозник ќе влезе наместо нас и дека таа сака да земе од медот – вели Јовановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img