More

    Леди Мери Квант, британската дизајнерка и модна икона на која ја промени модната историја, почина на 93-годишна возраст

    spot_img

    Леди Мери Квант, британската дизајнерка и модна икона на која ја промени модната историја, почина на 93-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја соопштило нејзиното семејство, пренесува „Гардијан“.

    „Мирно почина во својот дом во Велика Британија утрово. Таа беше најпрепознатливото лице во светот на модата во 20 век и иноватор кој ги помести границите“, стои во соопштението.

    Мери Квант, британска дизајнерка и модна икона во шеесетите години, со својот „изум“ го промени лицето на светската мода.

    „Мини здолништето им овозможи на жените да трчаат по автобусот“, рекла Мери која имала интересно и крајно практично објаснување зошто решила да креира кратки здолништа.

    Првото мини здолниште беше продадено во нејзиниот бутик „Базар“ во Лондон во 1963 година, а осамна и на страниците на „Вог“. На модната писта прва го прошета славнаата британска манекенка Твиги.
    Мери со кратките здолништа започна револуција во здодевната и мрачна мода од тоа време. Ја отвори вратата за поголема еманципација и слобода за жените кои со воодушевување го прифатија овој модел.

    Некои ја осудувале Мери, а таа се бранела велејќи:

    „Јас не го измислив мини здолништето, туку тоа е создадено на улиците на Лондон. Само направив поедноставна облека во која можете да одите, да скокате и да трчате. Должината ја одредуваа самите клиенти. Здолништата што ги носев беа многу кратки, а муштериите викаа пократко, пократко.“

    Мини здолништето не беше единственото нешто што Мери го дизајнираше, таа им понуди на жените шарени чорапи и жешки панталони.

    Она што Мери Квант го направи со мини здолништето, именувано по омилениот автомобил на креаторката, „Мини“, е споредливо со шокот што Коко Шанел го предизвика со машките костуми за жени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img