More

    Лавров го нападна НАТО, по веста дека Финска и Шведска се подготвуваат да се приклучат на Алијансата

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утринава го нападна НАТО, по веста дека Финска и Шведска се подготвуваат да се приклучат на Алијансата.

    – Неодамна, претставник на Белата куќа уште еднаш повтори дека Русија не треба да се плаши од НАТО, никој воопшто не треба да се плаши бидејќи НАТО е одбранбен сојуз – рече тој.

    – Но, ова е веќе смешно, возрасни да кажуваат такви очигледни глупости, би рекол, едноставно е срамно – вели Лавров.

    Министерот вели дека НАТО постојано се обидува да најде надворешен непријател поради потребата да се зачува самата смисла на постоењето на Алијансата. Тој, исто така, посочи дека НАТО сака да се меша во работите на Кина и Индија.

    – Сега тие велат дека НАТО треба да добие глобална димензија во однос на одговорноста за безбедноста ширум светот. Кога зборуваат за индо-пацифичкиот регион, тие смислија таков термин специјално за да се обидат да ја намамат Индија во нивната мрежа, и за НАТО да биде одговорен за безбедноста и во овој дел од светот – рече тој.

    – Со други зборови, тие тоа особено не го кријат, следната линија на одбрана на овој „одбранбен“ сојуз ќе помине низ Јужното Кинеско Море – рече Лавров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img