More

    Лавров доби дозвола да слета во Скопје

    spot_img

    Владата ја тргна забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава, со што се отвора можноста за евентуално доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Потврда за ваква одлука од Москва засега нема.

    Одлуката за измените на актуелните рестриктивни мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, е донесена на претпладневна владина седница која се одржала он-лајн, дознава порталот 360 стапени, и засега нема официјална потврда ниту демант на таа информација.

    Одлуката на владата, која значи дека нема формална пречка за авион во сопственост на руската држава да слета на некој од аеродромите во Македонија, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје.

    Засега нема потврда дека ова значи и доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ.

    Шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ, во изминатиот период повеќепати повтори дека се надева дека сите земји членки на организацијата ќе бидат претставени на највисоко дипломатско ниво во Скопје.

    Османи не криеше дека официјална Москва бара лично Лавров да ја предводи руската делегација на Министерскиот совет и дека процедурата за неговото доаѓање е почната, иако Русија е под санкции од ЕУ кои се поддржани и од Северна Македонија.

    Министерката Славјанка Петровска  за можното учество на министерот за надворешни работи на Русија на состанокот на ОБСЕ во Скопје, рече дека не гледа причина Лавров да учествува на овој состанок,  „ако се има предвид однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img