More

    Лани земјава од извоз заработи 8,7 милијарди долари

    spot_img

    Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 8, 729 милијарди долари и бележи пораст од 6,6 отсто во однос на истиот период од претходната година.

    Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 12,756 милијарди долари долари, што е за 12 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

    Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2022 година, изнесува 4,027 милијарди долари.

    Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2022, изнесува 68,4 отсто.

    Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

    Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

    Интересно е да се каже и тоа дека тргоската размена со Русија и покрај санкциите лани е зголемена. На страната на извозот зголемувањето е од 6,8 отсто, а на страната на увозот 179,1 отсто.

    Висок раст на трговска размена лани има и со Грција. Извозот во оваа земја пораснал за 59,1 отсто, додека пак увозот се зголемил за 84, 8 отсто.

    Влошените односи со Бугарија не влијаеле на економската размена. Извозот во оваа земја е зголемен за 23,3 отсто, а увозот за 48,2 отсто. Висок пораст на трговската размена лани е забележан и со Турција, Италија, Кина, Србија и со Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img