More

    Лампард си ја скрши раката славејќи го голот на Ивоби

    spot_img

    Тренерот на англискиот прволигаш Евертон, Френк Лампард (43), ја скрши раката прославувајќи го синоќа победничкиот гол на својата екипа во премиерлигашкиот натпревар против Њукасл.

    Евертон забележа важна победа (1-0) во битката за опстанок со голот на Алекс Ивоби во 99 минута.

    Натпреварот беше продолжен дури 14 минути поради инцидент што се случи на почетокот на второто полувреме, кога момче втрча на теренот и се врза околу вратот за една од стативите. На редарите им беа потребни осум минути да го одврзат момчето, кое носеше маичка со натпис: „Само запрете ја нафтата“.

    – Ја скршив раката за време на славјето. Беше прилично болно и раката не е стабилна, но во овој момент тоа е најмалку важно – изјави Лампард по натпреварот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img