More

    Лајчак откри дека нов текст ги чека Вучиќ и Курти

    spot_img

    Анекс на основниот француско-германски договор за Косово треба да им биде претставен на Александар Вучиќ и Албин Курти во недела во Охрид, откри Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград. Според Лајчак, токму овој Анекс ќе биде главната тема на средбата.

    Плусинфо веќе објави дека имплементацијата на договорот, меѓу другото и делот со формулацијата на ЗСО ќе биде предмет на нов анекс.

    Лајчак вели дека Анексот во кој треба да се одредат детали и рокови за тоа како ќе се спроведе договорот е нацрт кој е направен според мислењата на двете страни од средбите кои тој ги имал при последните посети на Белград и на Приштина.

    – Откако е прифатен договорот, ние сме фокусирани на имплементација на анексот, кој е клучен елемент – посочи Лајчак на онлајн-конференцијата Европа и Русија на Балканскиот фронт, организирана од Италијанскиот институт за Меѓународни политички студии (ISPI).

    Тој оцени дека последната средба меѓу Вучиќ и Курти на 27 февруари била најдобрата досега, дека била тешка, но многу отворена и искрена.

    Наведе и дека геополитичката ситуација е променета и дека ЕУ сфатила дека се променила и нејзината улога и на Западен Балкан.

    Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи Жозеп Борел оцени дека сега е време Србија и Косово да се договорат за Анексот за имплементација, кој е составен дел на француско-германскиот договор за решавање на косовското прашање.

    „За да го отворат патот кон остварување на нивната стратешка цел за влез во ЕУ, Србија и Косово мора да ги нормализираат односите. Нема начин тоа да се заобиколи“, напиша Борел во својот блог.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img