More

    Ковчегот со телото на починатиот папа Бенедикт Шеснаесетти, ќе биде поставен во базиликата Свети Петар во Ватикан за верниците да се простат од него

    spot_img

    Ковчегот со телото на починатиот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата, ќе биде поставен во базиликата Свети Петар во Ватикан за верниците да се простат од него. Погребот е закажан за 5 јануари.

    До 60.000 луѓе се очекува да го посетат Ватикан на погребот на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти. Се проценува дека над 35.000 верници ќе ја посетуваат базиликата Свети Петар дневно во периодот од 2 до 4 јануари.

    За споредба, погребната служба на папата Јован Павле Втори во 2005 година привлече неколку милиони аџии во Ватикан. Самиот Бенедикт XVI , сепак, во својот тестамент побара скромна церемонија за неговата смрт.

    Претходниот поглавар на Римокатоличката црква почина во саботата наутро на 95-годишна возраст во манастирот „Мајката црква“ лоциран во Ватиканските градини. Тој беше еден од ретките папи во историјата на Ватикан што не го доврши својот мандат, односно поднесе оставка од функцијата.

    Во меѓувреме на социјалната платформа Тик-ток се појави видео на кое се гледаат посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на одарот:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img