More

    Ковачевски: Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада

    spot_img

    Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави премиерот Димитар Ковачевски. Тој истакна дека претходно овој закон бил презентиран на владина седница, но заради технички усогласувања со секторот законодавство даден е период до утрешната седница на Владата.

    – Откако ќе биде усогласен во Владата законот ќе биде поднесен до Собранието, потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која форма ќе биде донесен и кога ќе биде донесен – рече Ковачевски.

    Според Ковачевски, Законот за амнестија се однесува за одредена категорија затвореници и осуденици, кои веќе се на издржување казни, а не се однесуваат за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон. Затоа, рече тој, не се точни обвинувањата на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека СДСМ И ДУИ подготвуваат амнестија во договор со ВМРО – ДПМНЕ за да обезбедат гласови за уставните измени.

    На прашање зошто на Кривичниот законик не е потпишан министерот за правда Кренер Лога, туку од заменик-министерот за правда, Ковачевски одговори дека согласно Законот за Влада, предлог закон може да биде потпишан или од министер или заменик-министер, во зависност од тоа кој бил вклучен во процесот.

    На новинарско прашање за сомнежот кај Европската Унија за измените на Кривичниот законик и законот за амнестија дека со нив се охрабрува неказнивоста, Ковачевски нагласи дека овие закони се усогласени со практиките во ЕУ и оти ние сме држава која се стреми за членство во ЕУ, со почнат скрининг процес.

    – Кога ќе го видите и нашиот Кривичен законик со последните измени, тогаш ќе видите дека се работи за идентичен закон со направени измени според законодавството во Германија, Франција, Словенија и во однос на одредби и во однос на висина на казни. За такво нешто од шпекулациите нема никаква вистина, тоа и се потврди бидејќи помина скоро месец откако е донесен и ништо драматично се нема случено. Ниту некој бил амнестиран за нешто, туку си продолжуваат процеси врз 422 основи, по кои секој може да биде гонет во оваа држава, а не по општи одредби кои доаѓаат од законодавства од минатото – рече Ковачевски.

    Тој нагласи дека за измените за Кривичниот се расправало на владина седница, биле доставени до Собранието, сите пратенички групи присуствувале на пленарната седница кога се утврдил дневниот ред, сите пратенички групи присуствувале на Комисијата за европски прашања и потоа биле изгласани на пленарна седница.

    Во однос на реакциите на Европска комисија за злоупотреба на европско знаменце, претседателот на Владата образложи дека има цела кореспондентна табела во однос на усогласеност со директивите 42/2014 итн.

    – Сакаме да кажеме дека во ЕУ не владее право, еве јас ќе ви поставам прашање, вие јавете се во Брисел, кога во Европски парламент ги фатија дека местеле во светско првенство во фудбал, проверете по кој член од Кривичен законик ги гонат. Еве истражувачко новинарство малку во Брисел, да видеме по кој член од Кривичен законик ги гонат – изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img