More

    Ковачевски се обрати на Македонската вечер, порача дека ова е најдобриот вински саем во Европа

    spot_img

    „Ако го правевме (саемот) само ние во Северна Македонија јас од вино знам многу малку, саемот немаше да биде добар. Ако го правеше претседателот Вучиќ сам во Белград, тој не знае од продажба, бидејќи јас 20 години сум работел во компании. Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност, меѓутоа кога ќе соберете на едно место експерт за вино, експерт за продажба и еден голем уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем“.

    Вака се обрати премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Македонската вечер која се одржува во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан. Тој рече и дека „ако не ги решевме сите проблеми кои што постоеја меѓу Северна Македонија и Србија немаше да биде можно да направите своја вечер во друга држава, а да направите своја вечер во друга држава е единствено можно ако се чувствувате како дома.

    Премиерот се надева дека во Отворен Балкан ќе ги види и босанските и косовските компании, алудирајќи на сите шест земји од Западен Балкан.

    – Затоа што денес го имаме  најдобриот саем според зборовите на претседателот Вучиќ, било кога направен во Европа, саем на вино, храна и туризам – рече Ковачевски и ги покани присутните да вкусат македонска храна, музика и вино за „на крајот кога тоа ќе ви се допадне да дојдете во Северна Македонија“.

    Гостите на Македонската вечер ги забавуваше познатиот македонски гитарист Влатко Стефановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img