More

    Косовската разузнавачка служба го информирала Курти за плановите да го убие

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека добил информација од Косовската разузнавачка агенција (КИА) дека има план за негов атентат во 2021 година.

    „Безбедносните институции ги презедоа сите мерки за да спречат ваква акција. Овој случај не беше изнесен во јавноста за да не се шири паника“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот на Косово.

    Врз основа на извештаите на медиумите во Албанија, антитерористичката единица на косовската полиција добила информации од разузнавачки извори за закани за убиство на три лица: Аљбин Курти, Џавит Халити и Исмет Хаџа.

     

    Хаљити, пратеник во косовското Собрание од опозициската Демократска партија на Косово, за локалните медиуми во Косово потврди дека ја добил оваа информација, според која животот му е загрозен.

    Исмет Хаџа е поранешен член на Косовската информативна служба (ШИК).

    Медиумите во Албанија цитираат и наведуваат документ во кој пишува дека целта на убиствата на овие лица била да се дестабилизира Косово.

    Исто така, постои сомневање дека нивното убиство го планирал Прек Кодра, државјанин на Албанија. Во истиот документ се наведува дека Кодра бил вмешан во повеќе убиства во Косово и Црна Гора.

    Радио Слободна Европа не можеше да ја потврди автентичноста на тој документ.

    Наводно го објавиле хакери кои извршиле сајбер напади на веб-страниците на институциите во Албанија во јули и септември.

    Официјална Тирана ги прекина дипломатските односи со Иран токму поради сајбер нападот, обвинувајќи ја таа земја дека стои зад тие напади.

    Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку апликации за Android|iPhone/iPad

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img