More

    Кортни Кардашијан се огласи на Инстаграм од болницата, каде во моментот поминува време поради својот сопруг Тревис Баркер

    spot_img

    Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан се огласи на Инстаграм од болницата, каде во моментот поминува време поради својот сопруг Тревис Баркер.

    Тапанарот пред неколку дена заврши во болница како итен случај, а многумина се загрижија поради неговата последна објава на Инстаграм, како и објавата на неговата ќерка Алабама.

    Кардашијан во кратки црти објасни што точно се случило, па ги искарала сите кои ги продавале нејзините стари фотографии додека нејзиниот сопруг се борел за живот.

    „Зад нас е една многу страшна недела. Недела полна со разни емоции. Здравјето е толку важно, но некогаш го земаме здраво за готово. Работите може да се променат преку ноќ. Отидовме заедно на рутински преглед, а тој заврши со панкреатитис“, напишала Кортни.„Благодарна сум му на Господ што ми го сочува сопругот, на сите вас кои се молевте за него, за големата поддршка што ни ја пружавте овие денови. Ме трогна тоа. На специјалистите, лекарите, сестрите овде, исто така големо благодарам. Се грижеа за него, но и за мене“, нагласила таа, па додала:

    „Што се однесува до папарацо фотографите кои продаваа „слики од моите забавувања додека сопругот ми се бори за живот“… Се работи за стари фотографии. Не се сеќавам кога последен пат ги носев тие работи. И добро ве запаметив. Ова е ново дно што го допревте. Ја постојано сум со него во болница. Срам да ви е“, заклучила Кортни, па покажала дека времето им поминува во играње социлајни игри.

    Од друга страна, Тревис малку подетално ја објаснил својата состојба.

    „Во понеделникот отидов на преглед и добро се чувствував. Меѓутоа, по вечерата почувствував неверојатни болки и во болница сум оттогаш. За време на ендоскопијата ми е отстранет мал полип во многу чувствителен дел. Тоа обично го прават исклучиво специјалисти. Панкреасот ми бил оштетен. Панкреатитисот кој се развил можел и да ме убие. Благодарен сум на сè што направија лекарите за мене. Се чувствувам многу подобро“, напишал Травис.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img