More

    Контроверзен предлог за измени на Кривичниот законик

    spot_img

    Членовите на собраниската Комисија за европски прашања добиле известување дека денес попладне се закажува комисиска седница, на која на дневен ред ќе биде владин предлог за измена на Кривичниот законик, со тнр. „европско знаменце“. Со овие измени, како што велат, се предлага намалување на казната за делото „злоупотреба на службена положба и овластување“, се брише казната затвор од минимум 5 години за местење тендери, максималната казна затвор за Злосторничко здружение” се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот, а има и други новини.

    Кривичниот законик во членот 353 за делото „Злоуотреба на службената положба и овластување предвидува дека „службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. (став. 1)

    (2) Ако сторителот на делото прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

    (3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

    (4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото овластување или должност.

    (5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

    Со предложените измени се предвидуваат значителни промени во овие одредби. Најбитната промена е во ставот 3, каде се предвидува дека сторителот ќе се казни со казна затвор од една до 4 години, што значи дека се воведува горна граница, од која се пресметува застареноста. Во актуелното законско решение, нема горна граница, туку санкцијата е дефинирана на најмалку 3 години, што значи дека горната граница се поставува на 20 години.

    Во врска со делото злосторничко здружување, членот 394, став 1, сега предвидува: „Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една до десет години“. Со предложените законски измени, пак, се предвидува дека пропишана санкција до 10 години се намалува на најмногу 3 години.

    Во јавноста се поставува прашањето зошто овие промени се итно ставени на седница, со европско знаменце.

    – Ова е сигнал дека СДС и ДУИ навелико се спремаат за губење на власта – коментира пратеникот Димитар Аспасиев од Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img