More

    Контранападот е во тек, зборувано е со Лиз Трас

    spot_img

    „Контранападот е во тек“, а силите на Киев „бележат одреден успех“, вели гувернерот на Луганската област Серхи Гајдаи. Советник на украинскиот претседател претходно на Твитер објави дека претседателот Володимир Зеленски ќе добие „одлични вести“ за операцијата во североисточниот регион Харков, пренесува Ројтерс и пишува дека засега скудни се информациите за офанзивата.

    Истовремено, украинските сили го нападнаа градот Балаклија во областа Харков, кој е под контрола на Русија, соопшти функционерот на самопрогласената ДНР, Данил Безсонов.

    Меѓутоа, во вечерното обраќање Зеленски само накратко ги спомна операциите во регионот Харков, но најави дека во вторникот биле соборени пет руски крстосувачки ракети, од кои повеќето на југ, наведува британската агенција.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека се „координирал“ со новата британска премиерка Лиз Трас за „зголемување на притисокот“ врз Русија да ја запре инвазијата.

    „Целта е да се запре нападот и да се изведат сторителите пред лицето на правдата“, напиша Зеленски на Твитер.

    Тој додаде дека тој е првиот странски лидер кој разговарал со Трас откако нејзината нова позиција била официјално потврдена.

    Американскиот претседател Џо Бајден имал телефонски разговор со новата британска премиерка Лиз Трас. Двајцата лидери се согласиле за дополнително зајакнување на односите меѓу нивните земји во услови на застој во односите со Русија.

    „Со нетрпение очекувам да работам за продлабочување на посебните односи меѓу нашите земји и тесна соработка за прашања од глобално значење, вклучително и континуирана помош за Украина“, напиша претходно Бајден на Твитер.

    Бајден и Трас разговарале за зајакнување на соработката во НАТО и одбранбената алијанса меѓу САД, Австралија и Обединетото Кралство што беше формирана минатата година за да се спротивстави на растечкото влијание на Кина, се посочува во соопштението на Канцеларијата на Трас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img