More

    Компаниите во зоните складирале залихи од суровини во изминатите месеци

    spot_img

    Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) достигна 1,1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува денеска објавената редовна месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ.

    Само во однос на 2021 растот е за 4 отсто, во однос на пандемиската 2020 за 74 отсто, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19 односно за 51 отсто.

    Од ДТИРЗ посочуваат дека извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, додека увозот е зголемен за 5 отсто споредено со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигна речиси 1 милијарда евра.

    Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси 2 отсто наспроти извозот што се должи на складирање залихи кај компаниите. Вкупниот нето извоз заклучно со април е над 10 отсто.

    Според анализата, околу 70 отсто од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава однос на април 2021.  Раст од речиси четири проценти има и кај бројот на вработени во април годинава споредено со истиот период лани. Во зоните во моментов работат над 14 500 лица.

    -Исто така првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во технолошко – индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за три проценти, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за пет проценти повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во зоните – велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img