More

    Климатските промени би можеле да имаат разурнувачки ефект врз источниот Медитеран

    spot_img

    Климатските промени би можеле да имаат разурнувачки ефект врз животите на милиони луѓе во источниот Медитеран и Блискиот Исток, каде температурите се зголемуваат двојно побрзо од глобалниот просек, предупредуваат научниците.

    Во оваа област температурите би можеле да се зголемат за дури пет степени Целзиусови до крајот на векот, се наведува во заедничкиот извештај на Кипарскиот институт и Институтот за климатски и атмосферски истражувања Макс Планк.

    За источниот Медитеран и Блискиот Исток се предвидува речиси двојно поголем пораст на температурата отколку во другите населени делови на светот.

    Извештајот ќе биде претставен на климатската конференција на ОН (COP27) во ноември во Египет.

    Комбинацијата од помалку врнежи и пораст на температурите ќе предизвика сериозни суши и ќе го загрози сигурното снабдување со храна и вода. Покрај тоа, многу земји нема да бидат подготвени за покачување на нивото на морето, предупредуваат научниците.

    „Таквото сценарио ќе резултира со бројни предизвици за крајбрежната инфраструктура и земјоделството и може да доведе до засолување на крајбрежните водоносни слоеви, вклучувајќи ги и оние во густо населените области како што е делтата на Нил“, рече авторот на извештајот д-р Џорџ Зитис од Кипарскиот институт.

    Водоносни слоеви се подземни пропустливи слоеви од кои може да се извлече вода.

    Научниците препорачуваат брзо спроведување на сè што е договорено во Парискиот договор, со кој се бара ограничување на порастот на температурата на помалку од два Целзиусови степени. „Бидејќи климатските промени не познаваат граници и може да се шират многу регионални проблеми, неопходно е земјите да соработуваат поблиску меѓу себе во борбата против климатските промени и да ги ублажат нивните последици“, рече Јос Леливелд од Институтот Макс Планк и координатор на ова истражување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img