More

    Кина погодена од тајфунот Муиф, повеќе од милион луѓе се евакуирани

    spot_img

    Силни ветрови и обилни дождови го зафатија источниот брег на Кина, а тајфунот Муифа предизвика превентивна евакуација на повеќе од милион луѓе и откажани летови во Шангај.

    Сепак, властите не пријавија смртни случаи, повредени или поголема штета, делумно поради тоа што беа преземени бројни превентивни мерки.

    Муифа е најсилниот тајфун што го погодил Шангај, најнаселен кинески град со 25 милиони жители, од 1949 година, објави државната телевизија CCTV.

    Поради ризикот од поплави или оштетување на домовите, над 400.000 Шангајци се евакуирани на безбедно како мерка на претпазливост, како и 1,26 милиони жители на соседната крајбрежна провинција Жеџијанг (источно), според ТВ каналот.

    Кинеските медиуми објавија снимка од шангајската полиција во флуоресцентни жолти униформи како оди од врата до врата во старите населби, помагајќи да се евакуираат жителите и да ги сместат во спортски сали.

    Тајфунот Муифа во четвртокот вечерта падна на копно во Шангај. Управата на двата главни градски аеродроми, Пудонг и Хонгчиао, веќе најави откажување на сите летови во средата навечер поради приближувањето на тајфунот.

    Откажани се вкупно 665 летови од метрополата, објави CCTV.

    Тајфунот продолжува да се движи кон север по должината на брегот на источна Кина. Моментално се наоѓа во провинцијата Џиангсу, северно од Шангај.

    Неговата сила „постепено ќе ослабне“ со ветрови сега само „околу 90 км/ч“, соопшти Националната метеоролошка служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img