More

    Кина ја потврди условната смртна казна на австралиски писател за шпионажа

    Кинеските власти потврдија дека австралискиот писател со кинеско потекло Јанг Џун добил „условна смртна казна“ за шпионажа, а оваа информација претходно ја соопшти и Австралија, која исто така го изрази своето незадоволство.

    Судот во Пекинг денеска го прогласи „Јанг Џун за виновен за шпионажа и го осуди на смрт со двегодишно одлагање“, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

    Во Кина, условната смртна казна обично се заменува со доживотен затвор по две години.

    Јанг Јун беше уапсен во 2019 година за шпионажа, што тој го негира.

    Јанг, роден во Кина во 1965 година, беше суден зад затворени врати во 2021 година. Тоа судење беше остро критикувано од бранителите на човековите права.

    Писателот, познат и како Јанг Хенџун, во мај 2021 година рече дека бил мачен на непозната локација за време на неговиот притвор, плашејќи се дека против него ќе биде употребено присилно признание.

    Пекинг ги отфрли овие обвинувања.

    Јанг Јун изјави во август 2023 година дека се плаши за својот живот во притвор поради здравствени проблеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img