More

    Киев ги прекина врските со Северна Кореја поради признавањето на Доњецк и Луганск

    spot_img

    Официјален Киев ги прекина врските со Северна Кореја откако земјата денеска ја призна независноста на регионите Доњецк и Луганск.

    Северна Кореја е третата земја, по Русија и Сирија, која призна два отцепени ентитети, Доњецк (ДПР) и Луганск (ЛПР), во украинскиот регион Донбас.

    „Оваа одлука ја сметаме за обид на Пјонгјанг да го намали суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, објави Министерството за надворешни работи на Украина на својата веб-страница.

    Лидерот на ДПР Денис Пушилин напиша во објава на Телеграм дека се надева на „плодна соработка“ и зголемување на трговијата со Северна Кореја,оддалечена повеќе од 6.500 километри.

    Амбасадата на Северна Кореја во Москва денеска потврди дека земјата ја признала независноста на двата ентитета.

    Русија, која ги поддржува регионите од 2014 година, ги призна пред инвазијата на Украина во потег што Киев и Западот го осудија како нелегален.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img