More

    Ќе си извадиме ли очи со Бугарите за Цар Самоил?

    spot_img

    Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, откри дека уште во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, словенските учители Кирил и Методиј и нивниот ученик Климент Охридски.

    – Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали – Османи.

    Министерот одби да каже нешто повеќе за направениот компромис во Комисијата за историја на Бугарија и на Македонија, како што самиот истакна, за да се избегне било какво мешање во работата на историчарите, но неговата изјава предизвика бурна реакција во нашата земја, особено поради тоа што сличен став беше искажан и од бугарскиот премиер Кирил Петков, како и од Ангел Димитров, копретседателот на историската комисија.

    Во моментов не знаеме и што самиот термин заедничко чествување претставува и дали тоа ќе значи признавање од македонска страна, дека двата народа навистина имаат заедничка историја, на што Бугарите инсистираат во преговорите.

    – Тешко е да се говори без факти и да се прават предвидувања за конкретна работа, но заедничкото чествување на средновековните историски личности, може да значи и признавање на заедничка историја на Македонија и на Бугарија. Сè зависи од тоа како ќе бидат организирани чествувањата. Тука се работи за историски личности од сесловенскиот период, кои се прославувани од сите словенски народи и нема ништо спорно во тоа тие да бидат заеднички чествувани. Но, за жал на нас ни е познат бугарскиот став за овој дел од историјата и нивното поимање дека тука се работи за бугарски цар и бугарски просветители, па тешко ќе оди тоа. Знаете, кога нешто се работи премногу тајно, тоа не наведува на добронамерност – изјави за Плусинфо историчарот Мире Младеновски, кој во последнот дел од изјавата се осврна на работата на Комисијата за историја.

    Со речиси идентичен став е и неговиот колега Ѓорги Чакарјаневски, кој исто така за Плусинфо, потврди дека ако Македонија дели заедничка историја со некого, тоа е само со Турција, а никако со Бугарија.

    – Ако гледаме историски тогаш најмногу заедничка историја имаме со Турција, бидејќи се работи за период од 500 години. Што се однесува до Бугарија, од Средниот век па до двете светски војни, може да се пронајдат вкупно 20 години на некаква заедничка историја. Се плашам дека заедничкото чествување на Цар Самоил и на останатите средновековни личности ќе биде погубно по нас. Сигурен сум дека тие потоа ќе сакаат да ги земат моштите на Гоце Делчев, а следен потег ќе биде на приватни имоти да ја возобновуваат и бугарската егзархија. Ова мое мислење произлегува од ставот на бугарската страна, која историски не ги признава Македонците и не го признава македонскиот јазик. Затоа не треба да има заеничко чествување, бидејќи ќе испадне дека Самоил го чествуваат Бугари со Бугари – вели Чакарјаневски.

    Комисијата за историја на Македонија и Бугарија, беше формирана со цел да се надминат разликите на двете страни од спорот, што на крајот треба да резултира со симнување на бугарското вето на нашето членство во Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img