More

    Ќе се реши ли конечно гужвата на автобуските?

    spot_img

    Откако градските власти и приватните превозници си подадоа рака и се договорија приватниците да учествуваат во повикот објавен од Град Скопје, вчера се случи и  отворањето на пристигнатите понуди.

    Превозниците аплицирале со три новорегистрирани фирми, за трите пакети линии за коишто има потреба од дополнителен автобуски превоз.

    Плусинфо дознава дека првата новорегистрирана фирма се вика „Јофи бус“, втората е „Вестор транс“, а третата е „Радост компани“.

    За конечните одлуки ќе се знае за некоку дена, кога градот ќе одлучува по пристигнатите понуди.

    Град Скопје бараше превозници за три пакети линии. Во првиот пакет се опфатени линиите со броевите „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76-мина возачи. Вториот пакет е за превоз на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“. За овој пакет се потребни 39 автобуси и 83 возачи. Третиот пакет ги опфаќа линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“, за што се бараат вкупно 41 автобус и 87-мина возачи.

    Комисијата за еваулација ќе изготви извештај со предлози на кои ќе им бидат доделени линиите, по што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ќе го има конечниот потпис на решенијата за секоја линија од доделениот пакет.

    „Градот Скопје и избраниот подносител на пријава склучуваат договор во рок од осум дена од денот на приемот на известувањето за конечноста на решението. Ако избраниот подносител на пријава не се јави во рокот наведен во поканата за склучување, односно потпишување на договорот, Градот Скопје ќе определи нов термин, кој не може да биде подолг од пет дена од денот на приемот на известувањето за новиот термин. Доколку не се јави и не го потпише договорот ниту во новиот термин, ќе се смета дека се откажал од доделената линија, а донесеното решение ќе се поништи и ќе се наплати доставената гаранција за учество на јавниот оглас, се вели во јавниот оглас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img