More

    Ќе се истражува врската на кралските предци со трговија со робови

    spot_img

    Британскиот крал Чарлс Трети ја поддржа првата истрага за поврзаноста на кралското семејство со трговијата со робови во 17 и 18 век, соопшти денеска Бакингемската палата.

    Во соопштението се вели дека Чарлс Трети го смета ова прашање за сериозно и оти академиците вклучени во истрагата, која беше покрената по објавувањето на документ со детали за дејствијата на кралските предци во компанија за трговија со робови, ќе добијат пристап до кралските архиви.
    Весникот „Гардијан“ објави напис во кој откри документ кој покажува дека заменик гувернерот на Кралската африканска компанија за трговија со робови префрлил 1.000 фунти од акциите во бизнисот на кралот Вилијам Трети во 1689 година.

    Кралот Чарлс Трети и неговиот најстар син, принцот Вилијам, рекоа дека жалат за постоењето на ропството, но не ја признаа поврзаноста на круната со трговијата.

    Истражувањето го спроведува Универзитетот во Манчестер со независната организација Историски кралски палати (Historic Royal Palaces), која управува со некои од напуштените кралски палати во Велика Британија, а студијата се очекува да биде завршена во 2026 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img