More

    Казнети 20 луѓе од корона – 800 фунти глоба, не се знае дали премиерот е меѓу нив

    spot_img

    Британската полиција денеска соопшти дека ќе бидат изречени 20 казни за собирање во канцеларијата и резиденцијата на премиерот Борис Џонсон, со што беа прекршени правилата за карантин поради коронавирусот. Казната во за присуство на собир на повеќе од 15 лица во Велика Британија изнесува 800 фунти.

    Полицијата истражува 12 собири одржани во Даунинг стрит и британскиот кабинет во 2020 и 2021 година, откако внатрешна истрага покажа дека блиски соработници на Џонсон присуствувале на забави на кои се служел алкохол, а на некои од нив присуствувал и самиот британски премиер.

    Полициската акција за првпат потврди дека службениците во седиштето на Владата ги прекршиле прописите кои британските власти ги донеле за да спречат ширење на ковид-19.

    Лицата кои ќе бидат казнети нема да бидат објавени со име и презиме, но британската Влада претходно најави дека ќе соопшти дали меѓу нив е и премиерот Џонсон.

    „Денеска прво ќе започнеме со издавање 20 прекршочни казни поради прекршување на прописите за ковид-19“, се наведува во соопштението на лондонската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img