More

    Карлеуша на социјалната мрежа ги откри деталите од конфликтот со покојниот текстописец Милан Лаќа Радуловиќ

    spot_img

    Српската пејачка Јелена Карлеуша на социјалната мрежа ги откри деталите од конфликтот со покојниот текстописец Милан Лаќа Радуловиќ.

    Јелена Карлеуша и покојниот текстописец Милан Лаќа Радуловиќ, син на Марина Туцаковиќ, неколку месеци пред неговата ненадејна смрт разменија низа навреди на социјалните мрежи. Лаќа потоа на Твитер ги објави песните кои Карлеуша требаше да ги сними за новиот албум, по што изби скандал.

    Јелена и Лаќа набрзо се смирија, а потоа се случи трагедија, кога безживотното тело на Лаќа беше пронајдено на улиците на Израел. Јелена набрзо се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и откри дека по скандалот со песната се смирила со Лаќа, а нивната СМС-преписка ја сподели со своите следбеници.

    Сега таа повторно се огласи на оваа социјална мрежа и ги откри деталите од кавгата, но изнесе и тврдења дека покојниот Радуловиќ „имал проблем со опијати“. Нејзината објава во која тврди дека Лаќа и работел зад грб, а песните што ги купила од него ги продавал на други пејачи, ви ја пренесуваме во целост:

     

    „Имам потреба да споделам со моите фанови, но и со медиумите, некои информации поврзани со новиот албум, но и за соработниците. Како што знаете, на мојот албум неколку текстови напиша и покојниот Милан Радуловиќ Лаќа. Тие текстови што ги правеше за моите композиции, јас уредно му ги платив однапред. За жал, Лаќа во последната фаза од животот имаше голем животен проблем, а тоа е злоупотребата на опијати. Во таква состојба, тој многу пати ме молеше да му дадам пари однапред, за идната работа, која, за жал, не се случи. Несебично му давав пари, што можат да го потврдат и моите колеги. Кога притисокот стана преголем, кога одлучив за негово добро дека не сакам да му давам пари кои ќе ги потроши на опијати, Лаќа почна да ми се заканува дека ќе ги објави тие текстови, што на крајот почна и да го прави во услови на растројство, па подоцна ми се извинуваше, како што знаете. Зошто го пишувам ова?

    Лаќа не го направи само тоа, во исто време одлучи да ги продаде истите стихови што ги напиша за мене и кои повторувам ОДНАПРЕД ги платив на други пејачи. Така, тој им ги продаде моите платени стихови на други пејачи и им зеде парите, ИАКО ЗНАЕШЕ ДЕКА ГИ НАПИШАЛ ЗА МЕНЕ И ДЕКА ЦЕЛОСНО Е ИСПЛАТЕН. Парите очајно му требаа бидејќи наркоманијата е најголемото зло, поголемо од секоја болест и болка. Така, не само што ме уценуваше, ми се закануваше, ми објавуваше платени текстови, туку и ги препродаваше и на тој начин ги измами сите. Еден од текстовите напишани за мојот албум, кој го платив и кој ми припаѓа мене, е текстот што е завршен на 15 декември 2021 година. Песната се вика „Кока кола“. Поради информацијата дека Лаќа го направил тоа што го направил, таа песна беше отстранета од албумот и заменета со друга. За моја среќа, на албумот останаа само две песни и рефренот на третата што ја напиша Лаќа. Дел од едната ја објави на Твитер, останатото е „зачувано“ и ќе биде вклучено на албумот. Како сопственичка на текстот „Кока кола“, го објавувам во следната приказна со сите датуми и го подарувам бидејќи јас сум сопственик…“, напишала Карлеуша во својата објава.

    Покрај тоа, таа истакна дека од сожалување го купила текстот за конкретната песна, и дека нема да се најде на нејзиниот албум, бидејќи „не може да им парира на другите песни“. Од друга страна, Дара Бубамара пред неколку дена во јавноста објави дека има нов мега хит наречен „Кока Рока“, а како што самата истакна, текстот на песната го напишал покојниот Лаќа во соработка со Љиљана Јорговановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img