More

    Кардашијан се договори со американската Комисија за хартии од вредност да плати 1,26 милиони долари казна

    spot_img

    Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан се договори со американската Комисија за хартии од вредност да плати 1,26 милиони долари казна, бидејќи ја рекламирала криптовалутата ethereum на Инстаграм минатата година, а претходно не објавила дека била платена за тоа.

    И покрај тоа што старлетата и претприемачка не сакала да ја признае вината, таа се согласила да не промовира криптовалути во следните три години.

    Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,8 милијарди долари, ја рекламирала монетата ethereum на својот профил на Инстаграм во јуни 2021 година и навелаа дека се работи за маркетиншка промоција.

    Цената на криптовалутата подоцна скокнала за 632 отсто по поддршката што ја добила од неа и од други познати личности, како што се боксерот Флојд Мејведер и кошаркарот Пол Пирс. Меѓутоа, вредноста на ethereum вртоглаво опаднала по некое време и многу сопственици останале со безвредни крипто монети.

    Иако Кардашијан тврдела дека станува збор за реклама, тоа не беше доволно за регулаторите, кои рекле дека морала да им каже на своите следбеници точно колку е платена за промоцијата.

    Првиот човек на комисијата, Гери Генслер, објавил и видео на Јутјуб во кое објаснува зошто на федералната агенција ѝ е важно дали познатите личности промовираат криптовалути и други хартии од вредност.

    „Законот е јасен. Секое лице кое промовира криптовалути мора да ја открие природата, изворот и износот на компензацијата добиена во замена за рекламирање. Инвеститорите треба да знаат дали промоцијата е пристрасна или не“, потенцирале од Комисијата за хартии од вредност.

    За рекламата на Кардашијан ѝ платиле 250.000 долари, кои ќе мора да ги врати со дополнителни 10.000 долари камата. Згора на тоа, милион долари е парична казна што треба да ја одврати од вакви идни деловни потфати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img