More

    Какви игри се кријат зад рударскиот бизнис?

    spot_img

    Истражувачката мрежа Белингкет, финансирана од ЕУ, уште пред неколку години предупреди дека во Македонија во последниот период не случајно се одземаат или пак не се доделуваат концесии во рударството на западни компании. И последните случувања со концесиите околу рудникот Иловица-Штука и компанијата „Еуромакс рисорсис“ се поврзуваат со ваквиот заклучок и наводното влијание на руската компанија „Солвеј“, која во Македонија стопанисува со рудникот „Бучим“, открива порталот МКД.мк.

    „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019 година испратилa понуда до компанијата „Еуромакс рисорсис“, зад која стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“, да се вклучи во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветиле „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим.

    Еден од менаџерите на „Солвеј“, Ден Бронстеин, син на Александар Бронстеин, тогаш вети „нова македонска успешна рударска приказна“. Понудата брзо била одбиена, а засега инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука на канадската компанија „Трафигура“ и натаму се соочува со административни предизвици и протести на еколошките здруженија.

    Од ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш за МКД.мк потврдиле дека ваква понуда навистина имало.

    – Нашата матична компанија „Солвеј инвестмент груп“ пред неколку години изрази интерес за проектот Иловица Штука и тогаш се обрати со јавна понуда која остана неодговоренa. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна – одговориле кратко од „Бучим“.

    Од „Еуромакс рисорсис“ ја квалификуваат понудата од руската компанија како непријателска. Во март 2019 година на берзата во Торонто било објавено дека е договорена трансакција за издавање дополнителни акции на подружницата на „Трафигура групација“, и со реализација на оваа трансакција „Трафигура“ би се стекнала со индиректна контрола врз работењето на „Еуромакс рисорсис“.

    – Меѓутоа во периодот од објавата до финалната реализација на трансакцијата, постојните акционери, вклучувајќи ја и „Трафигура групацијата“, добија непријателска понуда од „Солвеј групацијата“, сопственикот на рудникот „Бучим“, за отфлање на веќе договорената трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на „Трафигура групацијата“, нудејќи притоа заедничко вложување каде што постојните акционери би имале 25% од вредноста на проектот Иловица-Штука, додека „Солвеј групацијата“ би имала 75% од проектот Иловица-Штука. Во врска со оваа понуда, заседаваше бордот на директори и ја одби истата земајќи го предвид фактот дека веќе е договорена трансакција со „Трафигура групацијата“, како и тоа дека со поддршка на „Трафигура“, со оглед нејзиниот глобално препознаен имиџ – со вкупни приходи над 300 милијарди долари остварени низ целиот свет, може да се обезбеди стабилност и извесност при изработката и реализацијата на идниот рударски комплекс согласно најдобрите расположливи светски практики за изградба на еден модерен рудник – изјавиле од „Еуромакс рисорсис“ за порталот МКД.мк

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img