More

    Како кафето пред појадок влијае на хормоните?

    spot_img

    Пиењето кафе на празен стомак може да има несакани ефекти врз вашето здравје, според Оливија Хедланд, терапевт за функционална исхрана.

    Таа за Метро изјави дека кофеинот може да предизвика проблеми со цревата, но и со хормоните.
    Според неа, кафето е кисело, кое доколку се пие на празен стомак може да предизвика вашето тело да оди во состојба на висок стрес.

    Пред вашата прва шолја кафе, таа предлага да јадете јајца, сурови млечни производи, бобинки или некое задушено овошје, вклучувајќи јаболка, круши или бобинки. Сето ова може да ги намали ефектите врз вашиот стомак.

    „Ако прво пиете кафе на празен стомак, треба да размислите што му прави тоа на вашето здравје, пред се хормоните. „Кафето не само што е кисело, затоа му е тешко на желудникот наутро, туку буквално предизвикува нашите тела да одат во одговор на стрес, да ослободува кортизол и да не стави во некаква состојба на борба или бегство“, објаснува таа.

    Ова е она што предизвикува нервоза после кафето. Изненадувачки, рече таа, постои и врска со акните, особено ако имате хормонална нерамнотежа или проблеми со цревата.

    „Порано пиев повеќе шолји кафе на празен стомак и се чувствував како да сум на врвот на светот, а потоа забележав дека имам хормонални акни и не знаев што ги предизвикува“, изјави Хедланд.

    Она што го сфатила е дека причина за тоа е влегувањето на организмот во стрес, пренесува Вечерњи.хр.

    „Јадете нешто пред кафе, направете го тоа ваша цел. Ќе забележите голема разлика“, додаде таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img