More

    Јапонски методи на воспитување на децата на кои им се восхитува светот

    spot_img

    Младите Јапонци не ги сметаат постарите луѓе за здодевни, туку за извор на мудрост. За возврат, старите не им викаат на младите и не ги критикуваат, туку им ја пренесуваат својата мудрост. Јапонија е земја на која многумина ѝ се восхитуваат од многу причини, а една од најголемите е начинот на воспитување на децата.

    Карактерот на Јапонците не престанува да го воодушевува целиот свет. Сите сме имале можност да слушнеме колку се упорни и истрајни, како никогаш во никој случај не ја губат присебноста и чувството за комуникација. Тие се познати и по нивната почит кон другите и исклучително напорната работа.

    Такви се затоа што биле такви и како деца, а такви биле како деца затоа што така ги учеле. Јапонските деца многу се разликуваат од децата на Запад. Тие се умерени и пристојно се однесуваат, ги слушаат своите родители и никогаш не стануваат хистерични и немаат напади на бес.

    Која е тајната?

    Блискиот однос меѓу членовите на семејството од различни генерации е нешто што, меѓу другото, ги прави Јапонците толку посебни. Таа врска меѓу старите и младите се заснова на длабоко сочувство и взаемна грижа, која, за жал, не може да се види речиси никаде во светот. Старите луѓе во Јапонија се сметаат за извор на мудрост и заслужуваат посебно внимание и почит.

    Од друга страна, старите луѓе имаат многу трпение и љубов за младите. Старите Јапонци се однесуваат како ментори, а не како критичари и спроведувачи на казните. Тука лежи клучот за хармонијата меѓу генерациите, пренесува „Задовољна“.

    Јапонците ги ценат и почитуваат сите свои роднини. Во исто време, тие имаат многу стриктни граници. На пример, се смета дека е неприфатливо бабите и дедовците да одгледуваат внуци, затоа што родителите немаат доволно време. Семејните врски во Јапонија не се засноваат на „размена на услуги“, туку на верување дека сè на овој свет има свое место.

    Разбирање на родителството

    Повеќето семејства во Јапонија веруваат дека родителството треба да се заснова на чувствителност и разбирање. Подигнувањето глас на дете во Јапонија е еднакво на сите други остри казни. Родителите во Јапонија веруваат дека избегнувајќи казнување тие всушност ги учат децата како да се поврзат со светот и да ги почитуваат чувствата на другите.

    Ако детето не е добро, мама и тато го казнуваат со поглед или гест на неодобрување. На овој начин тие покажуваат дека ваквото однесување е неприфатливо. Фразите како „ќе ја/ќе го повредиш“ или „ќе се повредиш“ се користат за да укажат на неправилно однесување и можни последици, а не само така.

    Истото правило се применува и за предметите. На пример, ако детето скрши играчка, родителот ќе каже „згреши“, а не „ја скрши играчката“. Јапонците ја нагласуваат важноста на работата, а не функционалноста на предметот. Затоа децата уште од раното детство учат да бидат свесни за сѐ во секоја ситуација и да водат сметка за сѐ околу себе.

    Најголемата тајна е слободното време

    Јапонците слободното време го поминуваат со своите деца. Учењето не го сметаат за посебна активност, туку сè прават заедно. Најважно за нив е да изградат силна врска со децата.

    Во Јапонија многу ретко се случува мајка да запише дете во градинка ако нема најмалку три години. Јапонките ги носат своите деца буквално насекаде, бидејќи веруваат дека таквата физичка блискост создава длабоки и силни врски. Исто така, тие веруваат дека близината на мајката ја смирува душата на детето. Мајките во Јапонија водат сметка многу да разговараат со своите деца.

    Односот со таткото, бабата и дедото е многу сличен. Во Јапонија, семејствата редовно ручаат и вечераат заедно, разговараат и си прераскажуваат што им се случило во текот на денот.

    Тие семејни приказни на трпезата често се повторуваат и на тој начин на детето му се всадува чувство на припадност и идентитет, како и важноста на вербалната комуникација.

    Ова е главната причина зошто јапонските деца не прават сцени. Тие растат во средина каде што можноста за непријатни изненадувања е сведена на минимум, а љубовта никогаш не им недостига.

    Тие растат свесни дека постои ред на кој треба да се придржуваат, како и дека секој човек има свое место и улога. Тоа им го смирува умот, ги прави пристапни и им помага да сфатат дека нема потреба од агресивно изразување на емоциите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img