More

    Јапонија погодена од високи температури, на Токио му се заканува недостиг на електрична енергија

    spot_img

    Јапонските власти предупредија на можен прекин на електричната енергија во понеделникот, пренесува АФП, додавајќи дека Токио бележи рекордно високи температури, со најкратката дождовна сезона во неговата историја.

    „Бараме од јавноста да ја намали потрошувачката на електрична енергија во вечерните часови бидејќи резервите на електрична енергија во пошироката област на Токио се на најниско ниво“, рече Јошихико Исозаки, помошник генерален секретар на јапонската влада.

    Владата ги советуваше и граѓаните да се заштитат од горештините за да избегнат топлотен удар.
    Во Токио температурите се искачија на 35 степени Целзиусови и нема да паднат под 34 степени до недела, објави Јапонската метеоролошка служба (JMA).

    Во селото Исесаки, на околу 100 километри северно од Токио, забележани се 40 степени Целзиусови.

    JMA исто така додава дека сезоната на дождови во регионот Канто, каде што се наоѓа Токио, завршила 22 дена порано од вообичаеното. Сезоната на дождови заврши и во централниот дел на земјата и на дел од островот Кјушу.

    По дождовната сезона, голем број луѓе се уште не се навикнале на горештините и постои ризик од топлотен удар“, предупредуваат од ЈМА.

    Секоја година, месеците јули и август се топли, изјави 58-годишната Асако Нарусе, но додаде дека никогаш не била сведок на толку високи температури во јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img