More

    Израелскиот премиер негира дека 36 бебиња се во смртна опасност во Ал-Шифа

    spot_img

    Израелскиот претседател Исак Херцог негираше дека Израел ја напаѓа Ал Шифа, најголемата болница во Појасот Газа. Тој за Би-Би-Си изјави дека во болницата „сè работи“ и дури покажа слика од контроверзната книга „Мајн Кампф“ на Адолф Хитлер за која тврдеше дека наводно била откриена внатре во болницата.

    Додека извештаите на персоналот и на СЗО сугерираат дека болницата е без струја и дека, според Гардијан, 36 бебиња кои се во инкубаторите се во опасност, Херцог го демантираше сето ова.

    – Ние го негираме ова, има многу спинување од Хамас… но има струја во Шифа, сè работи – рече тој за Би-Би-Си.

    Според Херцог, некои луѓе во групата Хамас „повторно и одново ја научиле идеологијата на Адолф Хитлер за мразење на Евреите“.

    Тој рече и дека детска соба во болницата била претворена во база на Хамас. Израелските одбранбени сили тврдат дека Хамас ја користи болницата Ал-Шифа и околното маало како штаб и  дека војници на групата се кријат под објектите. Групата Хамас ги демантираше овие наводи.

    Последниот генератор остана без гориво во саботата, што доведе до смрт на три предвремено родени бебиња и четворица други пациенти, според палестинското Министерство за здравство.

    Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, изјави за Ал Џезира дека горивото нема да биде доволно за да работи генераторот еден час. „Ова е потсмев кон пациентите и децата“, рече Ал-Кидра.

    Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата на социјалната мрежа Икс изјави дека Ал-Шифа е без вода три дена и „повеќе не функционира како болница“.

    Израелската војска тврди дека ставила 300 литри гориво во близина на Ал-Шифа во текот на ноќта за генератор за итни случаи што ги напојува инкубаторите за предвремено родени бебиња и го координирала породувањето со болничките службеници.

    Ниту една од болниците во северниот дел на Појасот Газа не е оперативна, соопшти утрово Министерството за здравство управувано од Хамас, додека се водат интензивни борби меѓу израелските војници и милитантите на Хамас.

    Јусеф Абу Риш, заменик-министер за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас, изјави дека сите болници на северот од енклавата „не работат“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img