More

    Израелската пејачка исвиркана на генералната проба на Евровизија

    spot_img

    Пејачката Еден Голан, претставничката на Израел на Евровизија ја изведе својата песна „Ураган“ (Hurricane) на генералната проба за втората полуфинална вечер, но дел од публиката во салата го исвирка нејзиниот настап.

    Израелскиот јавен радиодифузен сервис Кан издаде соопштение во кое се вели дека „Еден гордо излегла на сцената на генералната проба и приредила неверојатен настап“, пишува „Тајмс оф Израел“.

    „Не ја замолкнаа и нема да нè замолчат. Се гледаме утре“, се вели во соопштението на израелскиот јавен сервис.

    Според пишувањето на медиумите, поради Еден е зголемено обезбедувањето околу арената во Малме каде се одржуваат пробите. Има оклопни возила и полиција и во полна опрема и во цивилна облека.

    И интересот на медиумите е огромен, а нив вчера околу арената ги имало значително повеќе од вообичаено.

    Како што се наведува понатаму, хотелот во кој престојува претставничката на Израел е под 24-часовно обезбедување и полициски надзор.

    Израел вечерва се натпреварува во второто полуфинале и има шанса да се пласира во големата финална вечер што ќе се одржи в сабота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img