More

    Изнудувала пари со дојави за лажни сообраќајки

    spot_img

    На граничниот премин Деве Баир уапсена е 58-годишна државјанка на Бугарија и против неа е поднесена кривична пријава за измама. Измамничката од Бугарија изнудила пари од две жени од Куманово и од Свети Николе кажувајќи им дека нивните ќекри наводно предизвикале сообраќајни несреќи и дека парите се потребни за да им бидат извршени итни хируршки интервенции.

    „Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ– Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама” извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги извршила делата. Осомничената ги сторила делата на тој начин што се јавувала кај оштетените и им кажувала дека нивните ќерки предизвикале сообраќајни несреќи и дека се наоѓаат во тешка состојба и затоа требале да дадат одредена сума на пари на лекар за да им бидат извршени хируршки интервенции.
    На 03.01.2024 во 18.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир”, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Е.И., по што била пренесена во СВР Куманово, каде што бил извршен службен разговор со неа“ – стои во известувањето од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img